Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поради забеганоста и неспособноста на владата на СДС, ДУИ и Алијанса, граѓаните и државата загубија 18 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Поради забеганоста и неспособноста на владата на СДС, ДУИ и Алијанса, граѓаните и државата загубија 18 милиони евра

„Поради забеганоста и аздисаноста на владата предводена од Ковачевски, државата загуби 18 милиони евра“, посочува ВМРО-ДПМНЕ и во соопштението додава:

dobivaj vesti na viber

„18 милиони евра пари на граѓаните е цената на кавгите, превирањата и договарањата на СДС, ДУИ и Алијанса заради непотпишувањето на еврообврзницата.

Со овие пари неспособната влада на Ковачевски можеше да изградат 10тици километри нов автопат или пак да изгради 10-тина нови социјални згради, кои становите ќе можеа на поклон да им ги дадат на социјално ранливите катагории.

А можеа и да го решат проблемот со сместувачкиот капацитет во градинките и да изградат 15 целосно опромени нови објекти.

Оправдувањата, лагите и калкулирањата со пониската сума на ново издадената обврзница нема да ја покрие поголемата камата и поголемите трошоци кои на крајот ќе ги платат граѓаните од свој џеб.

Еврообврзницата која немаше министер за правда да ја потпише беше издадена со вкупен трошок од 6.5%, или од износ од 600 милиони, државата ќе платеше 156 милиони евра. Ако владата сега издадеше 600 милиони евра со овој повисок принос од 7,25% државата ќе платеше 174 милиони евра. Разликата межу двете евро обврзници е 18 милиони евра.

Токму заради ваквиот срам и бламажа пред меѓународните инвеститори владата се одлучи да издаде 500 милиони евра, а со тоа и да ја сокријата огромната загуба.

Ваквиот неодговорен однос на СДС и ДУИ кон буџетот на сите граѓани е недозволив. За сите постапки, криминал и штети кои ги претрпеа граѓаните и државата за многу скоро ќе има одговорност“.

Можете да прочитате

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо