Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Андов за бегствата од затвор и одговорност од надлежните

ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Андов за бегствата од затвор и одговорност од надлежните

Според ВМРО-ДПМНЕ, надлежните и функционерите кои ги раководат затворите се одговорни за скандалозните бегства од затворите кои се случуваат во низа.

dobivaj vesti na viber

„На Ковачевски око не му трепнува што во рок од еден месец јавноста дозна за три скандалозни бегства, од кои две се случија во затворот Шутка во кој директорува кадарот на СДС, Филип Андов викан Сокол. После ваков случај Филип Андов требаше да биде разрешен, кога веќе самиот нема доблест да си поднесе оставка. После ваква серија бегства од затвор, одговорност треба да понесе и министерот за правда, Тупанчевски.

Корупцијата и партизираноста во затворските служби се причината поради која на Македонија и се случува распад на затворскиот систем. Македонија е на врвот во Европа по бегства од затвор. Решето системот на затворите овозможува сериозни криминалци да бидат во отворени одделенија, да излегуваат, па дури и да ги повторуваат делата додека се избегани од затворите“, се додава во соопштението.

„Да потсетиме во едно од скандалозните бегства кое настана поради непочитување на протоколите, еден затворски чувар беше ранет, а во еден друг случај еден избеган убиец го повтори делото, односно усмрти уште едно лице. Да потсетиме и дека еден од оние кои што избегаа од затворот имал привилегија да биде во полуслободно оддление, што можеби е резултат на неговата блискост со половина државно раководство на СДС, за што сведочи цел фото албум“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Прашуваат што уште треба да се случи Филип Андов Сокол да биде разрешен? Што уште треба да се случи некој да понесе одговорност за овие инциденти?

Оваа власт на СДС и ДУИ, истакнуваат од опозициската партија е криминализирана и затоа криминалците уживаат ваква слобода.

Можете да прочитате

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!