Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС и ДУИ

Sud.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: 

СДС е на страната на корумпирано судство и обвинителство.


СДС ги брани судството и обвинителството и не сака реформи во судскиот систем бидејќи на тој начин нема да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги направија за време на своето владеење.

Заменик претседателката на СДС, Фани даде јасна поддршка на судиите и обвинителите поради кои довербата во правосудството е 2 проценти.

Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС и ДУИ со што предизвикуваат ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции.

Функционирањето на судиите и обвинителите кои се избрани во Зајас и Струмица, а кои се во сојузништво и се партиски послушници на СДС и ДУИ е поразително за Македонија.

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи истите му овозможија на Венко Филипче да не одговара за модуларната болница, за скандалот на Онкологија за скандалите со набавката на вакцини итн.

Неказнивоста, недостатокот на навремен и ефикасен институционален одговор, „заборавените” предмети, и непостапување по наводите за криминал се само дел од причините за продлабочување на недовербата во судскиот систем.

Потребни се реални реформи во судството и обвинителството.

Неопходно е независно судство и неопходно е судството во Македонија да е растоварено од политички влијанија.

Можете да прочитате

Малолетник од кичевско се самоповредил со воздушна пушка

Новиот закон за пушење во вторник на владина седница

Тешка сообраќајна несреќа го блокираше патот Стража – Кичево, судир меѓу три автомобили и камион