Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ, одговорност и правда мора да има

Vmro.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО – ДПМНЕ:

Криминалот на кадрите на СДС и ДУИ метастазирал во сите гранки на општественото делување.


Криминалот на СДС е синоним за нивното владеење како и причина за 2 проценти доверба во правосудството и недоверба во институциите на системот.

Секојдневно на површина излегуваат криминалите за време на владеењето на функционерите од СДС.

Индиции и докази за криминалот и злоупотребите од страна на функционерите за време на 7 годишно владеење на СДС и ДУИ се пред очиглед на јавноста.

Во текот на вчерашниот ден беше приведен Филип Андов -Сокол член на ЦО на СДСМ и ексдиректор на Истражниот затвор Скопје и неговата десна рака заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот, кои се главни осомничени.

Ексдиректорот Филип Андов- Сокол претходно му беше советник на експремиерот Зоран Заев за креирање политики за граѓаните на Град Скопје.

Народот гледа какви криминалци од СДС  ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса.

Нема повеќе „како до сега”, нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ.

Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството.

Можете да прочитате

Димитриеска – Кочоска и ден по скандалот не се извини – за неа темата со Петровска била затворена

Казни од 500 до 10.000 евра, па и затворање на маркетите: Дурмиши најави контрола на над 1.000 трговски објекти

Штип ќе биде дел од втората фаза на проектот „Безбеден град“