Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Народот јасно гледа дека состојбата во државата со оваа власт е неподнослива со уништена економија и со национални порази

ВМРО-ДПМНЕ: Народот јасно гледа дека состојбата во државата со оваа власт е неподнослива со уништена економија и со национални порази

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ги посети кривопаланечките населени места Луке, Узем, Жидилово, Дурачка река и Станци од каде истакна дека и таму како и во цела Република Македонија граѓаните живеат тешко, но импулсот на народот кажува дека на ваквата неспособна власт и доаѓа крајот.

dobivaj vesti na viber

„Епската неспособност се одликува и на централно ниво, каде што имаме премиер кој што е неспособен сам да отиде на лидерска средба, туку му е потребен некој да му го чува грбот.Ние продолжуваме заедно со граѓаните да го слушаме гласот на народот, да го слушаме и да го чуствуваме импулсот, а тој импулс ни кажува дека на Република Македонија многу скоро ќе и се случат сериозни промени. Многу скоро оваа однародена власт на ДУИ поддржана од СДС ќе почне да си ги враќа украдените пари и да одговара за сите маки ки што им ги имаат направено на овие граѓани за овие шест години“, потенцираше Петрушевски.

Народот јасно гледа дека состојбата е неподнослива со уништената економија, доста е од националните предавства и порази кои што ги организира и во континуитет им ги приредува на народот владата на СДС и ДУИ, порача потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска при посета во општина Теарце во рамки на акцијата Ова е Македонија за сите.Според Димитриеска Кочоска нема потреба да се случуваат лидерски сресби само за маркетинг потреби, туку треба да се седни на маса и сериозно да се разговара за тоа што ќе се случува по неуспехот од уставните измени, децидно повторувајќи го ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не поддржува уставни измени.

Проблемите се секаде исти. Жителите на овие населени места се соочуваат со неправди од централната власт, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Мирче Аџиоски на средба со жителите на населените места Избиште, Крушје, Лева Река, Кривени и Јанкоец, во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“. Аџиоски посочи дека граѓаните се заборавени од централната власт, истакнувајќи дека е потребна промена.

Овие луѓе се заборавени, обесправени и оштетени од централната власт бидејќи нивниот род се плаќа со многу пониски цени од реалната вредност на она што треба за да се произведат, конкретно јаболката, додаде тој.

Пратеникот Петар Ристески при теренски посети ги посети населените места Воѓани,Обршани, Пашино Рувци и Крушеани каде укажа дека многу е јасно што се направи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година за граѓаните на Република Македонија, и што направи СДС откако ја презема власта.

Секогаш има и од арно поарно, но еве видовме дека има и од лошо полошо. Овде веќе два мандати во Кривогаштани е СДС, па може да се направи разлика што се правело претходно, што се прави сега, во државата што се направи до 2016-2017 година, што се прави сега. Корупцијата на кое место сме биле тогаш 64, сега сме на на 111. Се кради од кај што ќе се стаса, рече тој.

 

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните