Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Началникот од Демир Хисар е разрешен, ова е морал и принципи на дело

Vmro.webp.webp
Dik 300x250 mk

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Министерството за внатрешни работи покрена дисциплинска постапка и јавно ја осуди секоја форма на насилство и незаконско постапување. Началникот од Демир Хисар е разрешен од функцијата.


Ова е борба за принципи и морал, борба што се покажува на дело, за разлика од времето  на прогон, нечовечко и злосторничко постапување на партиската полиција на Зоран Заев, Оливер Спасовски и Али Ахмети.

За сторен престап, началникот во Демир Хисар е разрешен. Но, ќе потсетиме на времето кога подивените орди на Заев, Филипче, Спасовски и Ахмети, го имаа целиот апарат на присила под своја команда.

Партиската полиција на Спасовски правеше упади во домовите на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, вршеше претреси и ги влечеше со лисици пред малолетни деца. Гордана Јанкулоска ја однесоа во затвор и ја осудија поради „мерцедесот“ кој, наводно, го гребеле мачки, а потоа го возеше Заев. Друга жена, под тортура на партиската полиција на СДС и ДУИ, го загуби плодот и детето во затвор.

Миле Јанакиески го враќаа со полиција пред вратата на својот стан три пати – за да го снимат камерите – и секогаш го носеа во притвор како дефокус од новите афери на Заев. Спиро Ристовски и Миле Јанакиески беа физички нападнати во затвор, а други политички притвореници намерно беа сместувани во ќелии со сериски убијци, педофили и силувачи.

Ова е само мал дел од погромот, тортурата и политичките пресметки што ги вршеа Заев, Филипче и Ахмети – и кои никогаш нема да се заборават

Можете да прочитате

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра