Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се “будали” 

Vmro Dpmne.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани, 

Најостро ја осудуваме тешката навреда на СДС кон македонските граѓани дека се цитираме: “будали”. 

Ваквата тешка навреда изречена од некогаш сериозната партија СДС е само отсликување на состојбите внатре во партијата и нивната тотална безидејност. 

Внатре наместо разумот владее интересот за спас и бегство од одговорност од криминалите. Не е ни чудно што 30 посто според најновите анкети незнаат кој е лидер на СДС. 

Таму владеат децата на Заев, а пак Филипче не ја игра ниту улогата на статист. Затоа СДС има рејтинг кој е на ниво на стратистичка грешка, и 4 до 5 пати помал споредено со ВМРО-ДПМНЕ. 

Тие ликуваат и се радуваат што Македонија на патот кон ЕУ ја раздвоија од Албанија и тоа е нивната најголема награда и успех за работењето против својата држава. Откако го искрадоа народот сега го навредуваат дека е будала. 

СДС имаат криза на идентитет. Која се пресликува и во соопштенијата. Предавствата ги покажуваат како успеси, а кражбите за реформи. 

Ваква навреда за народот не се случила историски ниту во времињата на Марија Антоанета или Луј 14ти или Хитлер и Мусолини. Бараме итно повлекување и јавно извинување од СДС.

Можете да прочитате

Мицкоски присуствуваше на Фестивалот „Питијада 2024“ – прослава на велешка пита и вино

ЕУ обезбедува 6 милијарди евра за реформите – Северна Македонија добива зелено светло за предфинансирање

Меџити ја постави дилемата зошто Уставниот суд одлучува со просто мнозинство