Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Мора да одговара секој кој ќе биде фатен во корупција или криминал

Vmro Dpmne 1.jpg

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги толерира неправилностите и девијантните однесувања на поединци за кои има сомнение дека го прекршиле Законот. Законот за сите е ист.

Секој којшто ќе биде фатен во корупција или криминал, а притоа ќе има докази за истиот, мора да одговара. Не смееме да дозволиме општеството да ни биде мрачно како порано кога луѓе како Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев, Рашковски и слични на ним, за кои има основани сомнение или пресуди за сторен криминал, шетаат слободно по улиците.

Апелираме до надлежните институции да постапат по случајот и да го истражат до крај.

Можете да прочитате

СДСМ Карпош во одбрана на Богоев: Не ја потценувајте интелигенцијата на карпошани

Марковски: Недозволувањето пристап за медиумите отвора сериозни сомнежи за подземната улица во Центар

Промовирано ново институционално лого на Јавното обвинителство