Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоски нека не се крие, нека поднесе оставка од АМС

ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоски нека не се крие, нека поднесе оставка од АМС
Img 7972

„Наумче Мојсоски треба веднаш да си поднесе оставка од позицијата директор на Агенцијата за млади и спорт после сериозните индиции за сторен криминал. Наместо да се крие зад соопштенија треба да ја напушти функцијата, бидејќи од таа позиција може да ја загрози истрагата за малверзациите со распределбата на ваучери за спортски клубови“ соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека „се работи за сериозен скандал бидејќи распределбата на ваучери врти над една милијарда денари и постои основано сомнение дека без јасни критериуми биле фаворизирани одредени клубови“.

„Според Антикорупциска, овие средства биле делени под влијание на одредени лица, па дури и политички партии и со тоа била направена штета на буџетот. Наумче Мојсоски треба на јавноста да и открие кои се тие лица и кои се тие партии кои вмешувале прсти во распредлбата на оваа милијарда. Доколку Мојсоски решил да молчи, тогаш надлежните институции оваа истрага треба да ја прошират и да се види кој се стои зад оваа афера“ се вели во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Мицкоски: Коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица е за пари, ВМРО-ДПМНЕ е за народот

Костова: Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом

Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти во новиот мандат