Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Vmro.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДС денес излегуваат на виделина.

Овие  криминали што денес извештајот на Државниот завод за ревизија ги утврди се случуваа токму во времето на СДС и ДУИ.

Бегалецот Прпарим Бајрами партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, се  додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал.

На сите ни е јасно за каков криминален круг станува збор и зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто толку ги заштитуваше судството и обвинителството бирано од Зајас и Муртино.

И сега кога веќе Коцевски не е државен јавен обвинител и нема кој да ги заштити, СДС во страв и паника отвораат теми како мигранти, шират лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните.

Воедно го повикуваме т.н “антикорупцискиот тим“ на СДС да го истражи и овој коруптивен случај, наместо да молчи пред фактите.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе

Агелер: Без разлика на преговорите со ЕУ, реформите мора да продолжат