Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Кумот на Ковачевски, Паунов е со длабоки врски во СДС, картелот засилено работи по доаѓањето на СДС

Ковачевски на отворањето на првиот состанок на Европската политичка заедница

Кумот на Ковачевски, Паунов е со длабоки врски во СДС, картелот засилено работи по доаѓањето на СДС, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Горанчо Паунов, коосновач на „Пиксел Груп“ со Ковачевски и основач КМГ ЕОЛ Квазар, кои во аферата Броило се фатени како свртеле 26 милиони евра е функционер во СДС, уште од 2005 година, кога бил претседател на општинскиот огранок во Гази Баба. Општина Гази Баба, е и општината која го распишува тендерот за менување на светилките со лед светилки, каде кумот на Ковачевски Паунов е надзор и се сомничи дека потпишал одобрение за пуштање во употреба на места каде воопшто нема бандери. Целиот тендер е тежок 11 милиони денари.

Кумот на Ковачевски, Паунов, бил и советник во Советот на Град Скопје, од редовите на СДС, а бил и претседател на партиски Совет за инвестиции и инфраструктура во СДС.

Кумот на Ковачевски, заедно со Ковачевски всушност ја основаат „Пиксел Груп“ 5 месеци откако СДС доаѓа на власт. И таа е фирмата околу која се врти аферата „Броило“. Денес ќе објавиме нови детали како всушност картелот систематски работел“ порачаа од партијата.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт