Криминогената влада спојува две концесии и дава дозвола за влез на Дестани во Иловица и покрај тоа што немал никакво претходно искуство со ископ на бакар и злато, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Дестани, човек на ДУИ платил 7 проценти од висината на концесијата за такса и однапред знаел влегува во сигурна бизнис зделка.
Криминогената влада гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на интересите и барањата на граѓаните од струмичко.
Криминалот на СДС и ДУИ стигнува во секој дел од државата.
Скоро две недели владата молчи и мисли дека граѓаните ќе заборават.
Нема ништо од изјавата на Ковачевски дека рудник во Иловица нема да се гради. Напротив Ковачевски молчи и бега и не бара одговорност од Крешник Бектеши кој ги излажал министрите на СДС и затоа гласале за спојување на концесиите Иловица-Штука.
Со тоа што Ковачевски и владата дозволиле Дестани да влезе во Иловица, а веднаш потоа македонските институции ја вратиле концесијата, покажува дека истите работат по наредба на СДС и ДУИ.
Криминалците од СДС и ДУИ се однесуваат кон државата како да е нивен сопствен бизнис и туркаат одлуки спротивни на интересите на граѓани.
СДС и ДУИ и сите инволвирани ќе одговараат за сиот криминал.
Одговорноста доаѓа по изборите“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.