Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме историска победа, во СДСМ не се доволни само неколку оставки

Vmro.webp.webp
Dik 300x250 mk

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ оствари историска победа на овие локални избори, освојувајќи 54 општини плус градот Скопје. Владината коалиција покажа дека е стабилна и легитимна, обезбедувајќи вкупно 66 општини од 81, што претставува доверба од граѓаните за нов почеток и вистински промени.

Симболиката на оваа победа најсилно се гледа во Кичево, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, доби поддршка од сите етнички заедници, и е слика на заедништво во град кој со години беше бастион на ДУИ. Токму во Кичево, обединувањето на граѓаните стана симбол на отпорот против корупцијата и партиската злоупотреба,

Во Брвеница, Јовица Илиевски победи и покрај нечесната кампања на противкандидатот. Во Карпош, новиот градоначалник е Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ, како и во Град Скопје каде довербата од граѓаните ја доби Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

На овие избори, граѓаните јасно порачаа дека е време за промени, за нови лица и нова енергија што ќе ја води државата напред во следните четири години. Народот реши да стави крај на неправдите и да ја довери својата иднина на луѓе што ќе работат чесно и посветено за нивното добро.

Промени се случија и во Валандово, Дојран, Дебарца, Демир Капија, Крушево, Пробиштип, Росоман и Чучер Сандево, каде што новите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводат локалната власт. Вториот изборен круг само ја запечати сликата, ВМРО-ДПМНЕ потврди победа и во Аеродром, Виница, Конче, Неготино, Лозово, Македонски Брод, Могила, Ранковце и Чешиново-Облешево.

Со овие резултати, опозицијата е длабоко поразена. СДС и ДУИ мора сериозно да се консолидираат и реформираат. Потребна е конструктивна опозиција, заснована на аргументи и поддршка за реформи, а не на деструктивни политики и пракси како во времето на СДС и ДУИ.

Во СДС, неколкуте оставки не се доволни кога проблемот лежи во лидерството на Венко Филипче, човек кој беше дел од најкриминалната и најкорумпираната власт во поновата историја на Македонија. Додека тој ја води партијата, СДС ќе остане на дното, а овие избори се доказ дека граѓаните го испратија во историјата.

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека има слух за сите граѓани, дури и за оние кои одлучија да не ја дадат својата поддршка никому. Новото раководство ќе работи на тоа да ја заслужи нивната доверба преку вистински промени, конкретни реформи и подобрување на животниот стандард.

Затоа што граѓаните заслужуваат повеќе, заслужуваат власт која ќе се бори за нив, а не против нив.

Можете да прочитате

Гаши: Пратениците се согласија за нов Изборен законик

Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце

Беким Сали ќе биде прв вицепремиер на местото на Изет Меџити, за животна средина не се знае