Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Груби кажува лаги, ако имаат пратеници за уставни измени уште наредна недела нека ги стават на дневен ред

ВМРО-ДПМНЕ: Груби кажува лаги, ако имаат пратеници за уставни измени уште наредна недела нека ги стават на дневен ред

Соочени со секојдневните неуспеси и порази на секое поле, владата на Ковачевски се обидува очајно да направи дефокус. Тоа што нема учебници во образованието, тоа што Македонија има највисока стапка на инфлација и најниска стапка на економски раст. Тоа што се до гуша заглавени во криминал, се обидуваат да го покријат со лажни вести, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Редот да шири лаги денес му е на Артан Груби. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта ако имаат пратеници за уставни измени, што се докажа дека немаат, еве наредната недела нека ги стават на дневен ред. Во спротивно веднаш да си поднесе оставка Ковачевски. Прашањето за уставни измени не е прашање дали сме за или против Европска Унија, туку дали сме за или против идентитетско обезличување и прифаќање на бугарските ултиматуми“, нагласуваат во дописот од владејачката партија.

Можете да прочитате

Активни пожарите кај Никуштач и селата Варвара и Драчевица, под контрола на Вардариште и близу Русиново

ЦУК: Активни шест пожари на отворено, еден е под контрола, а изгаснати се 21 пожари

Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите