Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини партиите на власт за вмешаност во бегството на Мемети, се бара политичка одговорност

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини партиите на власт за вмешаност во бегството на Мемети, се бара политичка одговорност

Партиски кадри на СДС и ДУИ се директно вмешани во бегството на Мемети, политичка одговорност од власта за овој случај мора да има, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

Од партијата коментираат дека двете партии на власт ја претвориле Македонија во див запад.

„Затвореник им избега, пукаше и рани полициски службеник, а Ковачевски и Спасовски се скриени во глувчешка дупка. Со денови нема одговори од страна на СДС и ДУИ која е улогата на партиските полушници во бегството на Беким Мемети? Нема одговор која е вмешаноста на Љупчо Кузмановски во целото филмско сценарио за бегство на затвореникот Мемети, кој треба да отслужи 20 годишна казна?

Дали Кузмановски е советник за безбедност на КПУ Идризово и директорот Шпенд Тахири, и дали како советник е одговорен директно за безбедноста на затворот и спроведување на затвореници и со тоа е директно виновен за филмското бекство на Мемети? Дали Миле Зечевиќ е директно инволвиран во поставувањето на Кузмановски на оваа раководна позиција во КПУ Идризово? Власта на СДС и ДУИ со денови не одговорија дали и колку во бегството на Мемети има политичка одлука, со тоа што инволвирани и осомничени во овој случај се активни партиски кадри и членови и на СДС и ДУИ“, наведува патијата во соопштението.

Отуука се децидни дека овој случај е само уште еден доказ за целосното девастирање на безбедносниот систем со криминал и корупција.

 

Можете да прочитате

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор

Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври”

На „Магистрален пат“ во Кичево сообраќајка со три жртви