Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата со СДС оди кон колапс, четвртина од фирмите не платиле јулска плата

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата со СДС оди кон колапс, четвртина од фирмите не платиле јулска плата

Економијата со владата на Ковачевски пропаѓа, а таа со мал прст не мрдува да им помогне на граѓаните и фирмите. Македонија има најмал раст на БДП во вториот квартал од 2022 година споредена со сите земји од регионот,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека Македонија има меѓу највисоките стапки на инфлација во Европа во месец јули од цели 16%. Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во Европа, споредено со висината на платата.

Според ЕУРОСТАТ македонските стопанственици плаќаат најскапа цена на струја споредено со компаниите во другите земји од регионот. Скоро една четвртина од компаниите во Македонија немаат исплатено јулски плати.

Во месец јули индустриското производство има бележи пад од 5% во споредба со истиот месец минатата година која исто така беше катастрофална.

Со еден збор власта на антимакедонската СДС ја води државата кон тотален колапс, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт