Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте

Vmro.webp.webp

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДС после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти.


После 7 години откако СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, од голем минус стопанството и трговијата во индустријата се стабилизираа.

Индикаторите за првиот месец од вториот квартал се високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нула.

Имаме раст на трговијата во индустријата од 6%,  раст на преработувачката индустрија од 6,6%. 

Раст на прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар, каде имаме многу повеќе раст од домашниот.   Прометот во трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 – 7,6 проценти.

За краток период Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ исто така успеа да ги стабилизира буџетските приходи, и енормно да ја зголеми довербата на инвеститорите. 

Владата работи посветено со домаќински скроен буџет, се зголемија платите во клучни сектори како здравство, образование, полиција, се работи на конкретни мерки и проекти за намалување на невработеноста со цел подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

Можете да прочитате

Нацевска на конфереција во Црна Гора: СЕПА – двигател на конвергенцијата со ЕУ

Младите ќе можат да добијат 10 илјади евра за отворање бизнис – Дурмши го претстави во Тетово оперативниот план на владата

Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе обезбедите поврат на ДДВ кон сите компании?