Од партијата СДСМ велат дека осомничените од ВМРО- ДПМНЕ во криминалниот скандал Феникс, се теретат за злоупотреба на 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014.
„Скопје 2014 е огромна, ултра голема пералница на пари. Само во еден случај се злоупотребени 57 милиони евра, народни пари. Ако се земе предвид дека една нова, современа, целосно опремена детска градинка чини околу 1,5 – 1,7 милиони евра, со 57 милиони евра во овој случај, ДПМНЕ имаат украдено 33 детски градинки. Само со еден случај 33 нови детски градинки ширум државата можеле да се изградат. Затоа во времето на ДПМНЕ не се граделе нови детски градинки, затоа што се крадело“, велат од СДСМ.
Според нив наместо за народот, за граѓаните, за дечињата, парите ДПМНЕ ги бутале по џебови.
„Не се мислело на тоа да се создадат подобри услови за најмладите, не се мислело да се обезбеди соодветен капацитет, се мислело само на лично богатење. Тоа е вистинското лице на ДПМНЕ, криминална партија, со судски одлука потврдено злосторничко здружение“, дополнуваат од партијата.