Утрински Весник
Свет

Поради големи турбуленции, седум лица се повредени во авионот на Хавај ерлајнс

Поради големи турбуленции, седум лица се повредени во авионот на Хавај ерлајнс
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Седум лица се повредени во авион поради силни турбуленции за време на летот на „Хавај ерлајнс“ од Хонолулу до Сиднеј.

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

Авионот превезувал 163 патници и 12 членови на екипажот во четвртокот кога „наишол на неочекувани силни турбуленции околу петтиот час од летот“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

Screenshot

Лекарите на аеродромот укажале помош на тројца повредени патници кога авионот слетал во Сиднеј, соопшти авиокомпанијата.

Еден патник и три стјуардеси се испратени во болниците на дополнителни прегледи, додека стјуардесите оттогаш се пуштени од болничко лекување, соопштија од авиокомпанијата во понеделникот.

Можете да прочитате

Словачкиот премиер закрепнува, состојбата му е стабилн

Израел: Не сме вмешани во смртта на иранскиот претседател

Украина со дронови нападна руска рафинерија