Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ останува заглавена во криминалот

Vmro 1.webp.webp
Img 7972

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

ДУИ, најдолговечната владејачка партија, која пред шест месеци замина на буништето на историјата повторно се обидува да се врати во игра. Сепак, наспроти овие проѕирни потези, ДУИ останува заглавена во криминалот, барајќи етнички теми единствено како последен обид да преживее политички тајфата собрана околу Ахмети.


Каде беше ДУИ кога граѓаните бараа правда и транспарентност? Очигледно, уживаа во комфорот на криминалните приходи, додека народот плаќаше за нивната негрижа.

Зборуваат за „заштита на интересите”, а нивниот најголем интерес секогаш биле нивните банкарски сметки полни со украдени народни пари.

ДУИ се однесува како актер во заборавена сапуница – нивните приказни повеќе никого не интересираат.

Македонија нема потреба од нивните спектакли.

Време е да престанат да го манипулираат народот и да го прифатат фактот дека нивното време помина.

Можете да прочитате

Велосипедист удрен од автомобил во Карпош

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ

ОЈО нареди обдукција на телото на Панчо