Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС тоне во хаос, ние носиме стабилност, економски раст и повисок стандард за народот 

Vmro.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Филипче без реформи во СДС и без одговори за златната виза замина во Дубаи по нови инструкции од менторот Заев. 

И додека јавноста чека одговори за инвестициите на Заев за 42 катницата во Дубаи и градежните зафати и златната виза на Филипче, тие се луксузираат низ Дубаи со парите на граѓаните кои ги украдоа за време на 7 годишното владеење. 

По пустошот кој го остави СДС и ДУИ во државата, ВМРО-ДПМНЕ најпрво успеа да ја застане државата на нозе и да ја стабилизира економијата.

Во изминатата година, македонските граѓани направија вистински избор и во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни лица кои посветено работат за подобрување на животот. На локалните избори ВМРО-ДПМНЕ беше апсолутен победник, освои 54 општини и градот Скопје.

Дополнително, локалните избори беа значајни и поради фактот што во општини како Кичево, Карпош и Струга со победата на ВМРО-ДПМНЕ се случија историски промени.

Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова ги изгуби и своите некогашни бастиони.

И наместо вистинска реформа, гледаме само континуитет на истите штетни пракси што ја доведоа првично партијата СДС до оваа состојба во која се наоѓа денес.

ДУИ ги изгуби локалните избори а Али Ахмети е пред политичка пензија што претставува крај на една политичка ера.

Заевизмот и понатаму доминира во СДС, и се додека  Филипче и неговиот ментор управуваат со СДС, партијата ќе продолжи да биде партија во слободен пад.

СДС не се консолидира, не се реформира, и целосно не го искорени заевизмот од своите редови, а партијата ризикува целосно да престане да постои како дел од македонската политика.

Филипче слепо ја следи агендата на Заев игнорирајќи го членството и потребата од реформи во партијата.

Додека СДС тонат во хаос и лични пресметки, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на народот, на реформите и на иднината на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ покажа како се води грижа и се работи во интерес на сите. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа конкретни економски резултати, раст на платите, повисоки пензии за 7.000 денари и континуиран раст на индустриското производство.

Со СДС и ДУИ на власт инфлацијата беше над 20%, сега таа е во рамките на нормалата со ЕУ земјите. Се зголемија платите во образованието, здравството, културата, полиција, социјала и администрација. Како никогаш досега, се зголемија пензиите за разлика од времето на СДС кога се зголемуваа по 150 денари.

Се инвестира во енергетиката, се градат нови патишта, се воведоа комплетно нови авиолинии, Македонија се поврзува и станува се подостапна за бизнис, туристи и регионална соработка.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за зголемување на животниот стандард на сите, студентите добија 250 евра ваучер за електронски уред, мерка која опфати околу 55.000 студенти.

Имаме раст на платите во образованието за над 12 проценти, нови училишта, спортски сали, изградба на факултетски објекти и зголемени стипендии. Буџетот за наука во 2025 година беше двојно повеќе во споредба со 2024 година. Обезбедени беа 274 милиони денари за финансирање на иновативни научно – истражувачки проекти на јавните високообразовни и научни установи, МАНУ и компаниите кои соработуваат со академската и научната фела.

Се воспостави механизам за континуиран раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи, кои во мандатот ќе се зголемат до над 40% и се зголеми капитациониот бод на матичните доктори, гинеколози и стоматолози.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на градење на подобра иднина за граѓаните и повисок животен стандард.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на борбата со корупцијата и криминалот како и воспоставување на правна држава и владеење на правото.

Можете да прочитате

Финансиска полиција: Конкретни и мерливи резултати во борбата против финансискиот криминал – над 3,36 милијарди денари опфатени со истраги

На ГП Блаце запленети над 40.000 парчиња петарди и огномети

Ексдиректорот на затворот „Скопје“ доби осум месеци затвор