Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНE: Додека СДС штанца соопштенија дека лошо се живее во државата, Филипче ужива со Заев во јахта на Егејското море

Vmro.jpeg
Dik 300x250 mk

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Лицемерниот Филипче ужива во друштво на Заев во скапа јахта на Егејското море и се гоштеваат со лигњи, октоподи и тропски плодови.


Ова би поминало незабележано, доколку Филипче и Заев се чесни луѓе.

Додека неговата партија секојдневно штанца соопштенија како лошо се живее во Македонија, Филипче во друштво на Заев уживаат на скапа јахта, за која тој треба да одговори, чива е јахтата?

Да се има јахта, исто така не е грев. Но, грев е доколку таа јахта сте ја купиле со парите од граѓаните, кои ги прелажавте и уништувавте години наназад.

Ги оставивте да живеат со 150 денари на ден, а тие – Филипче и Заев, правеа провизии и договори во 4 очи, и се богатеа на грбот на народот.

Филипче кој е привезок и послушник на политиките на Заев, треба јасно да каже од каде се парите за скапата јахта?

Дали случајно и тие се подарок од фирми кои добивале тендери кога овој криминален тандем составен од Филипче и Заев беше власт?

Глумата и лицемерието на Филипче треба да престанат. Тој заедно со неговиот ментор Заев, треба да бидат заборавени во македонската политичка историја.

Можете да прочитате

45 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 66 лица

Директорот на М-НАВ работел како контролор на празник за да добие двојна дневница!?

По две децении промена во Струмица, Петар Јанков го презеде градот од Костадинов