Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дивоградба хациенда од 160 м2 се поврзува со Груби, обвинителството сериозно да се позанимава со овој човек

Груби: Нема друг пат до напредок, освен патот на знаењето
Dik 300x250 mk

Артан Груби бега од одговори за најновиот скандал во кој е вмешан. Имено се работи за дивоградба хациенда од 160 м2 која без одобрение и без соодветни документи почнал да ја гради неговиот братучед во Бутел, а според нервозата на Артан Груби не би не зачудило и самиот тој да стои зад овој нелегален објект, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека од страна на општината сопрена е изградбата на овој објект и соодветно е постапувано со цел да се спроведе законот. Еден криминал е сопрен, а тој криминал тесно се врзува со Артан Груби. Фатен во тесно Груби веднаш посега по етничка карта, веднаш почнува со лаги и манипулации, но тоа не поминува. И Македонците и Албанците и сите останати го прочитаа веќе. На тие приказни никој не им верува. Сите го видоа лицето на Груби, видоа дека се работи за човек кој ги злоупотребува чувствата на Албанците исто често колку што ја злоупотребува и позицијата на власт.

На скандалите и сомнежите за криминал со кои се врзува Артан Груби им нема број, но мора да им се стави крај. Обвинителството треба сериозно да се позанимава со работата на овој човек, затоа што ако сме правна држава ваквите ликови како Артан Груби дебело одговараат пред институциите на системот, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Поетска вечер „ЕУРОМОНД 21“ по повод Светскиот ден на ромскиот јазик

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

Група разбојници намамиле оштетен во Скопје и на сила му ги одзеле парите, поведена истрага