Цел ден молк од страна на дезертерот Димитар Ковачевски за скандалот, каде што тој свесно го избегнал служењето на воениот рок и дезертирал, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Дезертерот Ковачевски, за да ја избегне законската обврска во 2001 година за служење во војската на Републка Македонија, како причина за бегството од служење воен рок навел дека е трајно неспособен. Побегал од служење на воениот рок и не се јавил на отслужувување на воениот рок и не се пријавил во 2001 години иако бил повикан.
Зошто молчи дезертерот Ковачевски и не одговара на прашањата, дали е трајно неспособна личност или ги излажал институциите за да избегне служење на воениот рок. Димитар Ковачевски е дезертер, кој сега ја води државата од функција премиер на Владата. Трајно неспособна личност како Ковачевски не смее да ја води државата.
Дезертерот Ковачевски, доколку е навистина трајно неспособен, треба веднаш да си даде оставка и да си замине од премиерската функција. Дали неговата неспособност е причината за сите понижувања што ѝ ги прави на државата изминативе неколку месеци.
Бидејќи дезертерот Димитар Ковачевски се крие и не сака да ја каже причината за неговото дезертерство, денес на јавноста ќе им ги презентираме сите документи за овој скандал. Документи што укажуваат за неговата трајна неспособност“, додаваат од опозициската партија.