Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дамева од судски приправник преку фотка со Заев до прв човек на Судскиот совет

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет
Dik 300x250 mk

Изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет е показател за партизирањето на судството во Македонија кое го прави власта на СДС и ДУИ. Што би рекле граѓаните „партизирањето пуштено на најјако“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Без ден искуство како судија таа прво беше избрана за член, а сега дојде до позиција претседател на совет, кој ќе оценува и избира основни, апелациони и врховни судии. Судски приправник како Дамева да догура до вака висока позиција во судството е како болничар да стане неврохирург и без било какво образование и искуство да влезе на операција“ обвинуваат од опозициската партија.

Оттаму додаваат дека ваквите кадри во судството се причината зошто граѓаните немаат доверба и зошто корупцијата и криминалот на власта цветаат.

„ Исто како и изборот на Ислам Абази така и изборот на Дамева се класичен партиско политички договор на владејачките партнери. Тие дури и запазиле во текот на изборот лицата да имаат фотографии со врвните партиски фигури од двете партии како врвна препорака за функцијата. Ова ако им е критериумот, тогаш очигледно строго го почитувале. Да биде уште потрагично за Дамева ваквата фотографија со Заев не била ништо спорно. Тоа го покажува капацитетот и моралниот интегритет на една особа која од партиската правна комисија на СДС брзопотезно стана претседател на Судскиот совет“ се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, вакви залутани ликови во правосудството треба час поскоро да си заминат. Време е да понесат одговорност сите оние кои преку партиски нарачки дојдоа на функции да го штитат криминалот на власта, порачаа од партијата.

Можете да прочитате

Расчистено намерно опожарување автомобил во Скопје, постапка против едно лице

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

Јани Бојаџи за „Утре наутро“: Филмот е инспириран од фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа