Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Честит 8-ми Септември, да ја чуваме Македонија во нашите срца

Vmro Dpmne 1.jpg

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември,  Денот на независноста на Република Македонија.

На овој историски  ден пред 34 години, македонскиот народ ја донесе најважната одлука, самостојно и слободно да ја гради својата иднина во независна и суверена држава.


Денес оддаваме почит на храброста, единството и визијата на сите кои го трасираа патот на слободата и самостојноста.

Но, овој празник не е само потсетник на минатото, туку и обврска за иднината, да продолжиме со градење на силна и стабилна економија, со заштита на националниот идентитет и со создавање на услови младите да останат во својата татковина.

Со гордост денес го носиме македонското знаме и независноста ја градиме низ успесите што секојдневно ги постигнуваме, повисоки плати, нови работни места, инвестиции во домашната економија и подобар стандард за граѓаните.

Нека овој ден не потсети дека силата на народот е во единството, а напредокот е возможен само ако сме  обединети со заеднички поглед кон иднината.

Да ја чуваме Македонија во нашите срца, во нашите дела и  мисли, затоа што таа е наш дом, наш идентитет и нашата вечна татковина.

Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста!

Можете да прочитате

(Видео) Српска министерка: Србите и Македонците се дел од ист корен и исто стебло, ќе има ли реакција од МНР?

Мицкоски за прислушуваните материјали: Ме следеле мене, но и моите деца, одговорност мора да има

Започна увидот во опожарената фабрика во Виница