Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Целосна реконструкција, модернизација и електрификација на пругата од Скопје до Кичево, дел од Коридорот 8

Pruga zeleznica3.jpg

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги започна подготвителните активностите за целосна реконструкција на пругата, односно железничката линија од Скопје до Кичево, која е дел од Коридорот 8.

Покрај целосната реконструкција на постојната пруга, која сега е во многу лоша состојба, работните активности опфаќаат целосна модернизација и нејзина електрификација.


Во прва фаза, преку Европската Унија ќе се обезбеди грант од 5,3 милиони евра за физибилити студија, а носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која ќе избере консултант за изработка на студиите согласно највисоките европски стандарди.

По завршување и изработката на анализите, кои според највисоките европски стандарди траат 18 месеци, започнува втората фаза на изведување на работните активности на терен за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на пругата.

Оваа инвестиција во железничката инфраструктура, освен економски придобивки за бизнисот ќе значи и подобро и поефикасно поврзување помеѓу главниот град Скопје и општините Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево.

Овој проект уште еднаш ја потврдува посветеноста на Владата за унапредување на инфраструктурата и Македонија да ја направи центар на патни, енергетски и железнички коридори во регионот.

Можете да прочитате

Тажната вест ја објави неговата ќерка: Во Струга почина професорот и музиколог, Сабаудин Жута

Од шумскиот пат кон езерото, се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Краткотраен топол бран од Африка ни носи засилен ветер и прашина од Сахара!