Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби го компромитира цел процес со надзорот на Коридорите 8 и 10д

(Видео) Груби: Сите амбасадори што дошле кај мене шутирале, градоначалникот на Тирана даде гол со петица

Артан Груби и владата го компромитираат целиот процес со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д. ИРД Инжинеринг, која треба да го врши надзорот, преговарала и со изведувачот и го составила договорот, кој владата го потпиша, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Конзорциумот воден од ИРД е во состав на фирми со сомнителна позадина. Фирмата ЕПТИСА, која е дел од истиот е фирма која веќе имала забрана од страна на владата за учество на големи проекти од над 1 милион евра, за потоа магично да се смени и Министерството за транспорт да и даде лиценца за надзор.

Електра Солишн, исто така дел од Конзорциумот е фирма на синот на Сотир Ампов, кој преку Институт за патишта Велес беше дел од Конзорциумот ИГХ кој првично го добил тендерот, а е поништен поради сомнежи за руско потекло на нивниот капитал. Сега фирмата на синот на Ампов, кој бил вмешан во руска шема е дел од новиот Конзорциум за надзор.

Евро Консалтинг, фирма на Бранимир Димитријевиќ, кој во Ерменија е гонет за коруптивни скандали е исто така дел од Конзорциумот на ИРД. Сомнежите за нерегуларности го следат целиот процес, од почетокот, па се до промената на условите за учество на јавниот повик, кои кога се гледаат објективно индицираат дека одат во корист на Конзорциумот на ИРД. ЈО не смее да остане немо на сиот сомнеж за корупција и мора да отвори случај“ порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт