Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Јахоски ја отру и украде државата, па од судот доби пасош за шетање по Босфор

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Асмир Јахоски кој го оштети Буџетот на државата за неверојатни 167 милиони евра и за кого се води постапка, моментално ужива на Босфор.


Откако доби домашен притвор за кривично дело перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло, синот на пратеникот на ДУИ, сега можеме да го видиме по медиумите дека е на Босфор, Турција.

Судиите избрани од ДУИ и СДС, му го укинаа притворот и му го одземаа пасошот, бидејќи тој даде милиони да гаранција дека нема да бега, сега се поставува прашањето како е тој во Турција кадешто ги троши милионите кои ги проневерил?

Од информации во јавноста, дознаваме дека судиите му одобриле на Јахоски и му го вратиле времено пасошот, за тој да може да шета и ужива по Босфор со нашите пари кои тој и неговите блиски ги украдоа од Буџетот на државата! Правдата изгледа ќе мора да почека додека тој слави матурски на Босфор.

Затоа судиите мора да одговараат.

Реформи во судството мора да има. 

Можете да прочитате

„Луке, собери си ги кучињата!“ – Арсовска во жесток судир со советниците на Град Скопје

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија одбележува 80 години од озаконувањето на македонскиот правопис

Гевгелија – домаќин на Друштвото на новосадски книжевници со промоција на меѓународната антологија „Нов духовен мост“