Поздравуваме што во Македонија ќе се отвораат нови работни места во ТИРЗ преку инвестиции како „Јагео“, која е присутна преку „Кемет електроникс“, инвестиција која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од опозициската партија.
„„Јагео“ е присутна во Македонија преку „Кемет електроникс“, фирма ќерка која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, тоа не е нова инвестиција, туку проширување. „Јагео“ е фирма мајка на „Кемет електроникс“. Позитивната работа во Македонија на „Кемет“, ја носи „Јагео“ во Македонија, а не СДС.
Жалиме што СДС не успеа да донесе ниту една инвестиција, како ќе можеа да се отворат уште повеќе работни места. Се што е поврзано со странски директни инвестиции, ТИРЗ, како законски регулативи и инфраструктура е направено во време на ВМРО-ДПМНЕ, затоа е и фрустрацијата кај СДС.
СДС нема капацитет за осмислување на законски рамки и воспоставување на институционална инфраструктура за СДИ, како што тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ. Се што требаше да направи СДС е да продолжи да управува со институциите кои се направија во време на ВМРО-ДПМНЕ, и да ги собира плодовите од инвестициите кои дојдоа во време на ВМРО-ДПМНЕ во форма на даноци во буџетот“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.