Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја нарече СДСМ гејша

Vmro.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Денес е тешко да се СДС, од една страна Орбан ги попари нивните лаги дека наводно парите од Унгарија биле кинески, второ, се откри дека само СДС и ДУИ се радуваат од раздвојувањето на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ.

СДС доживеа пораз на отворена меѓународна сцена. Оваа партија освен што оди полека но сигурно кон заборав, не се срами тој пат да продолжи да и е исполнет со лаги и манипулации кои денеска излегоа на површина и директно беа демантирани.

И наместо да покажат ронка доблест и да се извинат на јавноста, тие продолжуваат по патот зацртан 2017-та година на лаги, измами и неморално однесување, патот кој на Филипче му го одреди неговиот духовен водач, Зоран Заев.

Срамот и бламот на СДС кој денес стана очигледен дури и за оние шест посто преостанати нивни поддржувачи, е само проблем не само за нив туку и за цела држава, затоа што ефектите и последиците од тоа нивно срамно, корумпирано однесување на ниво на гејша која не и мисли добро на државата, сега кулминираат оставајќи ја државата и народот во една крајно сериозна ситуција.

Но, ВМРО-ДПМНЕ има сериозен и сеопфатен план и ќе постапува согласно националните и државни интереси и нема да дозволи нови потценувања, затоа што од понижувањата кои СДС и ДУИ ги приредија на народот и државата веќе на сите им е доста и видовме до сега што направија и во каков безизлез не одведова

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме