Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ајде на тројни избори, референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори

ВМРО-ДПМНЕ: Ајде на тројни избори, референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори

Ајде на тројни избори, во ист ден да се организираат референдум, предвремени парламентарни, претседателски избори. Доколку антимакедонската СДС и Димитар Ковачевски се уверени дека ја уживаат подршката на граѓаните и дека нивните политики се правилни, тогаш нема зошто да се плашат од организирање на избори. Самиот факт што Димитар Ковачевски бега од соочување со народот покажува дека тој само се интересира за гола власт ден повеќе, и презема чекори за негација на Македонија за да се опстане на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијта наведуваат дека антимакедонската СДС бега од избори затоа што виде каков дебакл доживеа во Тетово каде што разликата беше 2 спрема 1 во корист за ВМРО-ДПМНЕ. Резултатот од Тетово ќе се преслика и на цела територија на Република Македонија.

Антимакедонската СДС и Ковачевски да покажат свесност и совесност, и да не се ставаат врз партиските приоритети или лични желби и веднаш да прифатат избори, бидејќи тие се излез од кризите кои самите ги создадоа како резултат на неспособност и незаинтересираност.

Тројните избори ќе бидат вистинска можност државата целосно да тргне во нов правец кој ќе значи завршување на кризите и економски просперитет за сите граѓани.

Македонија може и мора подобро, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Жителите на Лагадин алармираат: По дивоградбата, инвеститорот сега сака да ја узурпира и плажата

Огромен пожар ја зафати фабриката „Винчини“ во Виница – ангажирани пожарникари од повеќе градови

Атанасоски: ВМРО-ДПМНЕ го признава поразот во Центар