Утрински Весник
Македонија

ВМР-ДПМНЕ: ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената на над 40 тони марихуана повторно се вплеткани имињата на Зоран Заев и Филипче. Заев сам ја потврди поврзаноста брзајќи да се оправда и да си ја тргне мувата од капата.

Наместо да се извини Заев на граѓаните за целиот криминал, тој индиректно си ја призна вмешаноста обидувајќи се да се одбрани и оправда пред јавноста.

На Заев и СДС одамна веќе никој не им верува а неговите објави на социјалните мрежи и нервозните реакции само покажуваат колку директно е погоден за случајот со запленетата марихуана.

Факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 додека Филипче беше министер за здравство.

Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве, е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.  Станува збор за фирма на лице кое било претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село. Тоа е Тони Котев познат како Мгчев кој пак бизнисите ги води со Вице Заев.

Каде се се јавувал Заев при запленета на петте тони дрога во Србија, зошто набрзина Филипче се упатил кон југ?

ЈО да ги истражи сите аспекти, меѓу кои и поврзаноста на Заев и Филипче.

Можете да прочитате

Фото/Видео: Голем дел од пратениците стигнале на работа пред почетокот на блокадите, вели Трендафилов

Во последните три месеци од 2025 изградени над 1.000 нови станови

Утрово магла на неколку патни правци