Утрински Весник
Скопје

Влијаеше ли црната листа на стратешкиот пријател на одлуката на Филипче за Карпош?

Venko sdsm press 2.jpg

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, денеска изјави дека гласачите, членовите и симпатизерите на СДСМ во општините каде СДСМ нема свој кандидат за градоначалник во вториот круг, самите да одлучат дали да излезат да гласаат и за како. 

Истовремено, Филипче испрати јасен повик дека трендот на пад на јавната поддршка на власта мора да продолжи.


Иако многумина беа убедени дека Филипче можеби ќе повика на поддршка на Стевчо Јакимовски нешто за што и пред изборите постоеја одредени шпекулации, сепак тоа не се случи. 

За упатените во политичките процеси, таквиот епилог е очекуван имајќи предвид дека се најде на „црната листа“ на САД. 

Јакимовски на црната листа на Стејт Департментот се најде минатата година непосредно пред парламентарните избори. 

Можете да прочитате

Жители од Ново Лисиче бараат одложување на зонското паркирање

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Ѓорѓиевски најави нова зона и дигитални услуги за корисниците на „Градски паркинг“