Утрински Весник
Македонија

Влен: Вчерашната конструктивност ја омекна радикалната реторика на ДУИ

20240608113213 Big 730x400 37.webp.webp

Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција. После бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста. Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок.

Формирањето на ад хок собраниска комисија предводена од опозициски пратеник е добар чекор во зајакнување на контролата на законодавната врз извршната власт. ВЛЕН изразува задоволство што нашите апели кај некои пратеници на ДУИ вродија со плод. Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ. Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализација на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Северна Македонија.

Можете да прочитате

Измените на Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Завршен настан за проектот за бесплатен безжичен интернет, поддржан од ЕУ и Германија