Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Уживаме во целосна поддршка од меѓународната заедница, црни листи за нашите противници

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

Политичкиот субјект ВЛЕН продолжува да ја зајакнува својата позиција како сериозен, кредибилен и доверлив партнер во очите на меѓународниот фактор. Нашите транспарентни политики, евроатлантска ориентација и посветеност кон вистински реформи наидоа на разбирање и целосна поддршка од претставници на пријателски и сојузнички земји.


Претставниците на ВЛЕН секојдневно се пречекани од нашите меѓународни партнери, вклучувајќи ги и претставниците на Европската Унија и Соединетите Американски Држави, од каде што добиваат јасна поддршка за нивната визија и платформа. Ова покажува дека ВЛЕН е фактор на стабилност и гаранција за интеграција и развој.

Од друга страна, ДУИ е сè повеќе изолирана. Меѓународните партнери ја изгубија довербата во во еден субјект кој две децении ја злоупотребуваше моќта за лични и клански интереси. Клучните фигури на ДУИ веќе се на меѓународни црни листи и се прогласени за персона нон грата, што е јасен сигнал дека повеќе нема толеранција за криминал и корупција.

ВЛЕН е единствената алтернатива што гарантира искрена соработка со нашите стратешки партнери и одржлив развој за Албанците во Северна Македонија. Со ВЛЕН, постои бела иднина, изградена врз правда, работа и чесност, додека со ДУИ е црното минато, проткаено со криминал, корупција и изолација.

Решени сме да ја водиме земјата, заедно со граѓаните и со поддршка на меѓународните пријатели, кон пофер, почесна и поразвиена иднина.

ВЛЕН е ценет и добредојден од меѓународните претставници, бидејќи имаме јасна и чиста цел, за граѓаните и заедно со граѓаните!

Можете да прочитате

Апасиев: Ставете клуч на врата, да не глумиме “институција” – Тонер нема за принтерот во Собрание

Перински во Делчево: Не запира поддршката за сите општини, градиме цврсти темели за подобар живот на секој граѓанин

Николовски до Трипуновски: Празни ветувања, укинати мерки и намалени субвенции – каде е реформата во земјоделството?