
Соопштение за јавност на ВЛЕН:
ВЛЕН продолжува со добра работа и конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, додека Чаир се надополнува со уште една важна инвестиција во спортот и младите.
Со инвестиција од околу еден милион евра, се гради модерен базен, втор по ред на територијата на општина Чаир, кој ќе им служи на младата генерација и на целата општина. Станува збор за модерни услови за секој ученик што сака да учи да плива, да се натпреварува и да се развива.
Ова е ВЛЕН. Ова е визијата на Изет Меџити, кој го трансформира Чаир со големи проекти.
Базенот со должина од 25 метри, ширина од 8,80 метри и длабочина погодна за учење и тренинг ќе создаде нови можности за развој на спортот и младите таленти. Таму ќе се обучуваат нови тренери и спасувачи, додека ќе се организираат натпревари и спортски активности што го креваат спортот на друго ниво.
Овој објект поставува нов стандард, бидејќи означува изградба на инфраструктура што произведува дисциплина, здравје и успех.
Со ВЛЕН, Чаир продолжува со работа, развој и проекти што оставаат белег кај младите луѓе и во целото општество.

