Утрински Весник
Економија

ВЛЕН: Стратешкото партнерство со Турција се претвора во конкретни инвестиции и економски развој

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

Стратешкото партнерство со Турција добива нова димензија преку економската соработка и поттикнувањето на инвестициите, во согласност со визијата на ВЛЕН за одржлив развој, конкурентна економија и повеќе можности за граѓаните.


Учеството на првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на Бизнис форумот Турција-Северна Македонија во Истанбул е доказ за активниот пристап на институциите во создавањето нови мостови на соработка со бизнис-заедницата и инвеститорите.

Владата, со своите претставници од ВЛЕН, работи на создавање поволна инвестициска клима преку политики што го поддржуваат производството, иновациите, технолошкиот развој и отворањето нови работни места, позиционирајќи ја државата како сигурен и конкурентен партнер во регионот.

Продлабочувањето на економската соработка со Турција не е само дипломатски приоритет, туку и можност за економски раст, унапредување на домашната индустрија и создавање нова развојна перспектива за државата.

ВЛЕН ќе продолжи да поддржува политики што носат инвестиции, ја зајакнуваат економијата и градат долгорочни партнерства во интерес на граѓаните и иднината на Северна Македонија.

Можете да прочитате

СДСМ: Мерката за намалување ДДВ за дизелот е половична и задоцента

ДДВ за дизелот ќе се намали од 18 на 10 проценти

МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики