Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!

Vredi vlen.jpg

Изборите што ги нарекоа „референдум” завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено.

Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на Северна Македонија. По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет.

Ова не го кажува ВЛЕН, го кажува слободниот глас на Албанците.

Во првиот круг, ВЛЕНТ убедливо победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце. Во вториот круг, Албанците ја запечатија промената во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово. Овие победи не се случајности, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата политика.

Албанците точно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува.

Ова јасно гласање е крај на една ера и почеток на нова визија за албанската политика.

ВЛЕН го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците бидејќи Албанците веќе проговорија.

Можете да прочитате

Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

Нови обилни врнежи од дожд и од снег доаѓаат во западна Македонија

Минчев: СДСМ ја изгуби идејата, Црвенковски беше симбол на државност