
Соопштение на ВЛЕН:
Министерот за европски прашања од ВЛЕН, Орхан Муртезани, учествуваше на Панелот на министри за европски фондови во рамките на EUSAIR форумот, каде што се дискутираше за иднината на Јадранско-јонската регионална стратегија.
На овој значаен настан, Северна Македонија беше претставена како земја која наскоро ќе го преземе водството во стратегијата EUSAIR, која веќе една деценија игра важна улога во градењето регионални врски и поддршката на процесите на европска интеграција.
Министерот Муртезани ја презентираше визијата на Северна Македонија за посилен, подинамичен и поповрзан макрорегион, преку развој на инфраструктурата, дигитална инклузија, зголемено учество на младите и отворена соработка со граѓанскиот и приватниот сектор.
Понатаму, Северна Македонија ќе преземе одговорност и за координирање на тематскиот столб “Поврзување на регионот”, кој има за цел да промовира конкретни проекти за зајакнување на економските, институционалните и човечките врски меѓу земјите од регионот.
ВЛЕН ја смета оваа нова улога како можност за понатамошно зајакнување на позицијата на Северна Македонија во регионот и за демонстрирање на посветеност кон активна и одржлива соработка кон целосна европска интеграција.