Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Одлуката на Уставниот суд за Медресето – пораз за Али Ахмети и ИВЗ

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

Oдлуката на Уставниот суд за поништување на лажната акредитација на Медресето „Иса Беу” претставува удар за сите оние кои беа измамени од празните ветувања на ДУИ и соработничкиот молк на ИВЗ.


Ова е личен пораз на Али Ахмети и неговата клика, кои секогаш си играа со верските чувства на Албанците, само за теснопартиски политички интереси.
Денес вистината излезе на виделина – Медресето никогаш не било акредитирано на законит начин. ДУИ ја користеше во предизборни кампањи, исто како што ги користи сите симболи, чувства и потреби на Албанците – за да ги изманипулира.

Истата шема на измама се повтори и со:
– Фабриката за електрични автомобили – која никогаш не беше изградена.
– Коридорите 8 и 10Д – кои останаа само на хартија.
– Патот Скопје–Блаце – ветуван десетици пати, но никогаш реализиран.
– One Stop Shop со Косово – што остана во фиоките на нивната пропаганда.
ДУИ секогаш функционирала со пропаганда, слики, лажни ветувања и манипулации.

Денешната одлука конечно потврдува дека ДУИ нема решено ниту едно албанско прашање преку закон и устав, туку само лажела и манипулирала за гласови.

22 години на власт ги искористија за да ги средат трговските центри и имотите на своите семејства и внуци, додека на Медресето „Иса Беу” не му обезбедија ниту статус!

Медресето „Иса Беу” повеќе нема да се користи за валкани политички игри и лажни кампањи. Ние работиме на решение, преку кое ова прашање конечно ќе биде затворено – далеку од манипулациите на минатото и блиску до правдата што ја заслужуваат Албанците.

Можете да прочитате

Организирање на регионални натпревари по прва помош за 2025 година 

Во Белград вечерва свечено отворање на Македонскиот КИЦ

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата