Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Од пет политички субјекти сега делуваме како еден

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

ВЛЕН не се појави случајно. Се појави како одговор на потребата на Албанците за промена, за чесно претставување и за политика која не се врти околу тесни интереси, туку околу граѓанинот. Од пет политички субјекти кои се обединија за промена, ВЛЕН се трансформира во еден единствен политички субјект, со јасен идентитет, целосна одговорност и заеднички правец.


Обединети околу едно знаме и една заедничка политичка идеја, ВЛЕН гради модерен концепт заснован врз традиционални вредности. Модел на политика со хоризонтално и инклузивно лидерство, каде одлуките не зависат од поединец, туку од заедничка одговорност, меѓусебна доверба и интересот на Албанците.

Секако, овој развој не може да биде прифатен од оние кои со години го третираа политичкото претставување како приватна сопственост, монопол и инструмент за тесни партиски интереси. Колку повеќе се приближува моментот на формирање на ВЛЕН како единствен политички субјект, толку повеќе расте нервозата кај оние кои не се помируваат со губењето на својата тежина на албанската политичка сцена.

Но, овој процес е неповратен. ВЛЕН доаѓа .

Можете да прочитате

Акција на МВР и ФБИ: Во Голема Речица уапсени администратори на нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

ФБИ трага доведе до Тетово: Уапсени двајца за нелегален онлајн пазар, запленети компјутери и телефони

Дуплиран бројот на загинати работници во Македонија