Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Ниту една “експертиза“ не може да го измие политичкиот срам во Кичево

Vredi vlen.jpg

Скандалот што кружи по социјалните мрежи и медиумите, кој го потресе јавноста во Кичево и пошироко, ја откри црната страна на политичката култура што две децении произведува срам наместо одговорност.

Обидите ова да се прикаже како „уценa” или да се релативизира со тврдења за „фабрикувани материјали” не можат да ја сменат фактичката состојба, штетата врз јавниот морал и довербата на граѓаните веќе е направена. Јавноста нема потреба од експертизи за да разбере што е достојно, а што не е за еден јавен претставник.


Граѓаните на Кичево се доволно мудри да проценат сами и да одбијат секој обид недостигот на достоинство да се прикрие со големи зборови. Достоинството и јавниот морал не бараат експерти, туку луѓе со карактер.

Во ваква ситуација, продолжувањето на кандидатурата не е веќе прашање на изборна трка, туку прашање на морал.
Во интерес на граѓаните и на изборниот процес, кандидатот на НАИ треба веднаш да се повлече.

Кичево заслужува луѓе со достоинство, а не со скандали.

Можете да прочитате

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Во среда ,,Љубовта никогаш не говори со еден глас” во Филхармонија

Кузеска: Владата на Мицкоски тајно договара прифаќање мигранти од Велика Британија Текст: