Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Го почитуваме протестот, но се противиме на негово инструментализирање

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

ВЛЕН од самиот почеток го поддржуваше и продолжува да го поддржува барањето правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Ова е право за кое воопшто не требаше да се дискутира, а уште помалку да се чека толку многу години.


Работите треба да се кажат онакви какви што се. Овој проблем не падна од небо. Овој проблем има политичко име и презиме, ДУИ. Цели 22 години имаа сè во свои раце, власт, министри, кабинети, односно апсолутна моќ. Но, за правосудниот испит на албански јазик, како и за многу други прашања, не направија ништо.

Ние докажавме дека кога има волја, проблемите се решаваат. Го решивме прашањето со лиценцирањето на лекарите и воспитувачките, а донесовме и закон за медресантите, кои ДУИ со години ги имаше оставено настрана. Со истата сериозност постапуваме и по ова прашање.

Го почитуваме протестот. Но, силно сме против обидите на ДУИ да го инструментализира и да го користи како покритие за сопственото 22-годишно фијаско.

Затоа, на ова прашање му пристапивме со одговорност и сериозност. Го решаваме, како што решаваме и многу други прашања што со години биле оставени половично.

Можете да прочитате

Филипче за Нова.рс: Орбан – Вучиќ – Мицкоски се како руските бабушки

Зошто правосудниот испит мора да се полага само на македонски јазик? (2)

Цела седмица со дожд, грмежи и локално невреме