
Соопштение на ВЛЕН:
ДУИ не може да се претставува за чувар на евро-атланскиот курс на државата, затоа што има зад себе многу неодговорени и сомнителни прашања.
ДУИ не кажа зошто министерот Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата, а немал ниту една официјална иницијатива со Косово?
ДУИ не кажа и бега да каже на колку ручеци, вечери и „пријателски прошетки” присуствувале Али Ахмети и Бујар Османи лично со претседателот на Србија, Александар Вучиќ?
ДУИ нема да ја слушнете да каже колку често Османи се среќавал со српскиот амбасадор во Скопје и зошто не ја информирал јавноста за секоја од тие средби?
ДУИ и должи на јавноста информација за тоа колку пати Османи патувал приватно во Србија и зошто јавноста никогаш не дозна за тие посети.
Додека ДУИ не даде одговор на овие прашања, нека не се лажат дека некој им верува и ги гледа различно од тоа што се, партија на црната листа на нашите стратешки западни партнери.
Да потсетиме дека партијата што ја туркаше „Отворен Балкан” како интеграција со Србија и игнорираше соработка со Косово е токму ДУИ.
ДУИ е истата партија што ја прогласуваше брзата лента на границата со Србија за „историски успех”, но не мрдна прст за премините Блаце и Јажинце спрема Косово или преминот Ќафасан кон Албанија.
Да потсетиме и тоа дека ДУИ е партијата што учествуваше во градба на автопати од Табановце кон Гевгелија, а не изгради ниту 1 км автопат по коридорот 8.
ДУИ сака да се претстави како „заштитник” на Албанците, но нивните дела сведочат за спротивното: огромен број на средби со српските власти, увоз на српски идеи, соработки со Србија, игнорирање на соработката со Косово.
Европска интеграција не се брани со селективна дипломатија. Ако Османи нема време за Приштина, нема кредибилитет да зборува за „српски свет”. Вистинскиот патриотизам се мери во километри автопат, не во селфи-дипломатија со Вучиќ. Албанците заслужуваат транспарентност и затоа секој службен или приватен состанок со Белград мора да биде јавно објавен.
Дотогаш, секоја нивна реакција останува обид да се фрли магла врз сопствените пропусти.