Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН бара истрага за работењето на Бујар Османи како министер

Vredi vlen.jpg

Еден месец по објавувањето на негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи во времето кога министер беше Бујар Османи, Обвинителството и судството сѐ уште не презеле никакви мерки, реагираат од ВЛЕН. Оттаму велат дека тоа отвора сериозни сомнежи за нетранспарентност и злоупотреби на јавни средства.

„Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра) се потрошени за организација на ОБСЕ самитот во Скопје без соодветна документација, без евиденција за испорачаните стоки и услуги и без трајна опрема која требаше да остане во државна сопственост“, стои во соопштението на ВЛЕН.


Оттаму велат дека Османи добил негативен извештај од Државниот завод за ревизија и кога бил министер за здравство и дека и тогаш добил низа забелешки за незаконски постапки и сомнителни исплати.

„Денес гледаме повторување на истиот шаблон, судството и обвинителството повторно молчат. Ако беше било кој друг граѓанин, ќе одговараше и за сообраќајна казна. Н, за Бујар Османи изгледа важат други правила“, велат оттаму.

Според ВЛЕН, постапувањето на институциите покажува дека Османи е под нечија заштита, а тоа значи само едно – дека е должен некаде, а тоа не се Албанците или граѓаните на Чаир. Дополнително, потсетуваат дека Јавното обвинителство има законска обврска да отвори случај по негативен извештај на Државниот завод за ревизија и доколку не се направи, тоа ќе биде втор пат како институциите свесно го амнестираат Бујар Османи за исти сомнежи и злоупотреби.

„Граѓаните заслужуваат вистина, отчетност и правда, а не политички имунитет за оние што ја злоупотребиле државата за лични цели. ВЛЕН останува гласен и доследен: нема да дозволиме да се прикриваат злоупотреби и ќе бараме одговорност до крај“, заклучуваат од ВЛЕН.

Можете да прочитате

Измерени само 4 степени, исклучително свежо утро во Македонија

Шукова: Нов стационар и комунална полиција наместо ад-хок мерки за бездомните животни

Бујар Османи: Маргинализацијата на Албанците е дел од поширок план на Мицкоски за напуштање на ЕУ интеграцијата