Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: 229 милиони денари за заштита на животната средина

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

Со цел обезбедување поздрава животна средина и зачувување на биодиверзитетот, подобрување на животната средина, квалитетот на чиста вода, плодна почва и подигање на јавната свест, сакаме да објавиме дека Владата и Министерството за животна средина распишаа јавен конкурс за доделување средства од Програмата за инвестиции во животната средина, на кој се нудат 229 милиони денари.


Овие средства ќе бидат наменети за канализација, третман на отпадни води, водоснабдување, истражувачки програми, како и едукација за подигање на еколошката свест.

Ги повикуваме сите општини, невладини организации, образовни и научни институции, како и секој поединец или организација што има идеи и волја да придонесе, да аплицираат. Оваа година им даваме посебно значење на иновативните решенија.

Коалицијата ВЛЕН е посветена на зајакнување и промовирање на социо-еколошките политики. Наша цел е преку нашите политики да изградиме земја за живеење за сите граѓани и земја со одржлив развој, бидејќи само така ќе изградиме сигурна иднина за сегашните и идните генерации.

ВЛЕН за чиста животна средина, ВЛЕН за граѓаните!

Можете да прочитате

ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Децата питачи, загадениот воздух и нефункционалните судови – црна слика од Извештајот на Зибери

Владејачкото мнозинство одби надзорна расправа за Кочани