Утрински Весник
Македонија

ВЛАЖЕН БРАН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Следуваат врнежи од дожд, на повисоките планини и снег, пообилни врнежи на запад!

Meteoalarm.mk 53 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, утре (среда) како и во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, кои утре (среда) најпрвин ќе ги има во западните предели, а во текот на утрешната вечер и ноќ кон четврток ќе се прошират на повеќе места низ Македонија и ќе бидат пообилни во западните предели (локално над 25/30 литри воден талог на метар квадратен), кога на повисоките планини, над 1600/1700 метри надморска височина ќе има врнежи од снег и снежната покривка ќе се зголеми.


За време на овој влажен бран, повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец. По котлините и понатаму ќе има услови за појава на магла  и ниска облачност, особено во ноќните  и во утринските часови.

Во текот на овој влажен бран, повремени, но послаби врнежи од дожд ќе има  и во Скопскиот регион, а повремено ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, наутро тие речиси насекаде ќе бидат над нулата, со исклучок на високите планини. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 15 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе биде позитивна, или за неколку степени над нулата, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 13  и 15 степени.

Можете да прочитате

Отровно растение од Тексас дојде во Неготино: Ако го забележите, веднаш алармирајте ги еколозите од “Ековита”

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Апел за помош на 26-годишниот Виктор, татко на 4-месечно бебе кој боледува од тумор на главата