Утрински Весник
Свет

Властите во Донбас задоволни од резултатите од референдумот, најголема излезност во Доњецк

Властите во Донбас задоволни од резултатите од референдумот, најголема излезност во Доњецк
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На референдумот во Доњецката област излезноста вчера беше 23,6 отсто, јавува руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на локален функционер.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 20,5 отсто од граѓаните со право на глас во регионот Запорожје и 15 отсто од оние во регионот Керсон гласаа во петокот, објави руската новинска агенција Интерфакс, цитирајќи претставници на локалните избори.

„Според нас, ова е доволно за првиот ден од гласањето“ – рече Марина Захарова, шеф на руската изборна комисија во Керсон.

Украинскиот гувернер на Луганск, Серхи Гајдаи изјави дека во градот Старобилск жителите се под полициски час и се принудени да ги напуштат своите домови за да гласаат на референдумот.

Во градот Биловодск, директорот на компанијата им рекол на вработените дека гласањето е задолжително и дека секој што ќе одбие да учествува ќе биде отпуштен и нивните имиња ќе бидат предадени на безбедносните служби, рече тој.

Во провинциите Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје од 23 до 27 септември се одржуваат референдуми со цел тие делови на Украина да се припојат кон Русија. Речиси целосно ги контролира Луганск и Керсон, а само делумно Запорожје и Доњецк.

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат