Утрински Весник
Македонија

Властите ги смируваат граѓаните: Нема истекување на линдан во Охис

Ohis opasen otpad.jpg
Dik 300x250 mk

По серијата еколошки инциденти што го погодија Скопје и ја подигнаа јавноста на нозе, надлежните институции вчера излегоа со официјално соопштение за да ги смират гласините и загриженоста за можна нова катастрофа од фабриката Охис. Според властите, извршени се мерења кои потврдиле дека нема никакво ново протекување на опасниот пестицид линдан.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека нема никакво истекување на линдан во ОХИС, а истовремено континуирано се спроведува процесот на чистење на линданот од овој поранешен индустриски комплекс.


„Дополнително, во средата, на 22 октомври 2025 година, во вечерните часови, беше спроведен вонреден инспекциски надзор, при што беше утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан или какви било други нарушувања на безбедноста во локацијата на ОХИС.

Паниката кај граѓаните е разбирлива, доаѓајќи по повеќе од еден месец исполнет со сериозни еколошки проблеми во скопската котлина. По пожарот во фабриката за рециклирање батерии во Трубарево, континуираните протести за депонијата Вардариште, хаосот со сметот што доведе до појава на глувци во урбани населби и откривањето на нови диви депонии како онаа во Јурумлери, секое ново сомневање за загадување предизвикува огромен револт.

Вчерашното соопштение имаше за цел да ги демантира шпекулациите дека нешто се случува на најголемата еколошка „темпирана бомба“ во државата.

Надлежните потврдија дека мерните станици и мониторингот околу Охис, каде што се складирани илјадници тони од опасниот пестицид, не регистрирале никакви отстапувања. Според нив, нема докази за какво било ново истекување, пукање на саркофагот или друг инцидент што би го загрозил здравјето на граѓаните.

И покрај ова уверување, Охис останува најголемиот еколошки предизвик за Скопје. Процесот за чистење на историскиот отпад од линдан, кој со децении го труе тлото во градот, се одвива бавно, а вчерашниот демант, иако донесе моментално олеснување, не го решава трајниот страв на граѓаните.

На овие локални избори повторно слушаме од политичарите нови ветувања дека ако победат сериозно ќе се зафатат да го решат прашањето со линданот и Охис.

Што има во Охис?

Над 50.000 тони канцероген отров повеќе од половина век го уништува здравјето на скопјани и ја загадува почвата, водата и воздухот. Македонската стручна јавност веќе одамна знае за проблемот со линданот закопан во кругот на поранешниот хемиски гигант ОХИС (Органско хемиска индустрија – Скопје). Познати се и последиците кои овој отров ги предизвикува врз здравјето на луѓето и животната средина. Но, сите власти од осамостојувањето до сега го игнорираат најголемиот еколошки проблем во државата.

Оваа токсична бомба веќе половина век е закопана на неколку потврдени и непотврдени локации во Скопје. Двете потврдени депонии со линдан се наоѓаат на територијата на поранешната фабрика ОХИС чија внатрешност сега личи како место погодно за снимање хорор филм. Во ОХИС затекнавме напуштени, руирнирани згради, искршени прозорци, расфрлани хемикалии, рѓосани буриња полни со разни токсични супстанци и две депонии со линдан кои на прв поглед со ништо не асоцираат дека во нив се крие канцерогена бомба.

Не се знае колку точно тони линдан во 70-те и 80-те години на минатиот век биле закопани на малата и големата депонија во ОХИС кои потоа биле покриени со земја, но се проценува дека има помеѓу 40 и 50 илјади тони контаминирана почва

Можете да прочитате

Обилни врнежи во Македонија, досега наврнаа 47 литри дожд

ВРЕМЕ Е ДА ЗАВРШАТ ФЛОСКУЛИ КАКО ШТО СЕ “ИЛИ СИ ИЛИ НЕ СИ СДСМ“ ОТИ ТАА ПАРТИЈА МОРА ДА СЕ ПОСТАВИ МНОГУ ПОСЕРИОЗНО ОД ТОА

Мицкоски не е задоволен од реториката на Рамадани, најави негово разрешување од функцијата